Членовите на групата „Queen“ станаа побогати и од британската кралица откако по успехот на филмот „ Bohemian Rhapsody” на секој од нив им беа доделни 25 милиони фунти односно 29 милиони евра, стои на листата на богати „Sunday Timesa“.
Тројца членови на бендот заедно поседуваат 445 милиони фунти односно 552 милиони евра, додека богатството на кралицаста Елизабета се проценува на 370 милиони фунти (околу 434 милиони евра) при што не се вклучени вредностите на кралскиот имот и збирката на уметничките дела.
View this post on Instagram
Spot the difference. Swipe left… #bohemianrhapsody
Наградуваниот филм зборува за харизматичниот фронтмен на групата „Queen“, Фреди Меркур, кој почина во 1991 година на 45 годишна возраст.
Британската кралица беше на врвот пет години по ред, од 1989 до 1994година. Но, критериумите се променија и од проценување на нејзиното богатство се тргнати вредностите на кралскиот имот и збирките на уметничките дела.