Јелена Розга денес важи за една од најатрактивните и најпознати пејачки во регионот.
Таа своето детство го поминала во Сплит, а живеела во куќа со своите родители.
Розга имала среќно детство, а нејзина најголема љубов бил балетот. Покрај тоа, таа сепак се одлучила за музиката.
„Јас бев многу немирно дете кое сакаше да танцува и родителите ме однесоа во балетско училиште, бидејќи немааше каде да ја потрошам мојата енергија, јас им се „качував на глава“. Многу танцував како дете и пеев на соседите. Се повеќе го сакав балетот, а се помалку се дружев со децата на моја возраст. Бев многу размажена, сигурно бев миленичка на тато. Мајка ми секогаш беше строга. Секогаш правев по мое, како дете знаев дека ќе бидам пејачка“ изјави Јелена и додава:
„Моите одлучија да се преселиме од тука, јас живеев со нив додека не си купив стан“ истакна Розга во емисијата „Премиера“.
Во куќата таа поминала 22 години.
Пејачката сега живее во елитна населба во Хрватска.
https://www.youtube.com/watch?v=B9Hdv0MDlxk