Оваа година во регионалното музиичо шоу „Пинкови ѕвездички – аll stars“, се натпреваруваат кандидати од претходnите сезони, а меѓу нив и Антониа Гиговска.
Во досегашните претставувања, Антониа остави многу добар впечаток и важи за еден од фавортите за победа.
Од жирито добива само пофалби за својот глас, но и своето претставување на сцената.
Во последното издание, Гиговска се претстави со песна од Ријана и повторно го покори жирито.
„Драги мои, се собравме овде, ви благодарам на сите што дојдовте. Најмногу благодарам на чудото од Македонија која наскоро ќе почне да го освојува Балканот бидејќи овој квалитет, ова боженско сушество го заслужува тоа“ изјави Станковиќ.
Коцкар истакна дека и е драго што се претстави со повесела песна.И Наташа Беквлац имаше само пофални зборови за Антониа.
„Ти си веќе формиран пејач. Многу добро се однесуваше, не ја поминуваше границата.Пееше феноменално, преубаво си облечена. Изгледаш феноменално“, истакна Беквалац.
Како ќе се претстави Гиговска во следната емисија останува да видиме.
https://www.youtube.com/watch?v=FvaLFgNeipY