Радио Милева

Милан и Рада повторно заедно: Пејачите се најдоа на исто место, а еве ја нивната реакција (видео)

Милан и Рада повторно заедно: Пејачите се најдоа на исто место, а еве ја нивната реакција (видео)

Вчера во Белград се одржа свадбата на пејачката Данијела Кариќ и Иван Милеусниќ, а прославата беше во  еден ресторан.

На забавата беа голем број на познати личности, а меѓу нив Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ.

фото: Принтскрин

Тие седеле на иста маса, а кога Милан пристигнал се поздравил со Рада и ја бакнал во образ.

Подоцна тие се фатиле за микрофонот и заедно ја отпеале песната „Ко на грани и јабука“.

За потсетување, Милан и Рада беа во врска, а откако раскинаа пејачката е во врска со Харис Берковиќ.

To top