Откако во 2017 година ја раскина врската со Јелена Розга, Стјепан Хаусер го крие својот приватен живот.
Поради заедничките настапи и фотографии се шпекулираше дека е во врска со Лола Астанов, а сега медиумите пишуваат дека е во врска со хостесата Стела Опанчер која во 2016 година се пријавила за избор на Мис на Хрватска.
Имено, фотографиите кои Стела ги објави на нејзиниот „Инстаграм“ ги покренаа шпекулациите дека меѓу неа и Стјепан има нешто.
View this post on Instagram
Нејзините следбеници забележаа дека околината во која се наоѓа потсетува на вилата на Хаусер,па отворено ја прашаа дали се наоѓа во неговиот дом.
Стела не одговори на овие провокации, па дали навистина е со Стјепан останува да видиме.