Радио Милева

Полицијата ја приведе „Ѕвездата на Гранд“! (фото)

Полицијата ја приведе „Ѕвездата на Гранд“! (фото)

Пејачот Слободан Васиќ, кој своевремено учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“, во средата вечерта е приведен бидејќи наводно ја удрил девојката.

Како што пишува српски Курир, инцидентот се случил во еден локал во Нови Сад каде Васиќ и неговата девојка биле со пријатели за прослава на 1-ви Мај.

фото:инсатграм/слободанвасиќ

-Многу брзо се случи. Слободан, неговата девојка и нејзиниот брат заедно дојдоа и беа одлично расположени. Меѓутоа, во текот на вечерта пејачот испи малку повеќе, почна некој разговор и одеднаш атмосферата стана напната. Почна жестока кавга меѓу Слободан и братот на неговата девојка. Наводно почнале да се туркаат, а девојката во еден момент вриснала и се вмешала меѓу нив. Тогаш Слободан, наводно ја удрил својата девојка. Кога сфатил што направил, не сакал да чека, туку сам повикал полиција која дошла брзо. Девојката инаку е ќерка на сопственик на еден хотел во Нови Сад, кажала дека пејачот ја удрил, вели добро извесен извор за српскиот медиум.

Тој додава дека полицијата му ставила лисици и го однела во станица.

-Слободан не се бунеше. Призна дека ја удрил. Немаше каде бидејќи имаше очевидци. Таа беше потресена. Во полицијата бил составен извештај и пејачот е пуштен по неколку часа. Последните години е доста проблематичен и ризичен, завршува изворот.

To top