Радио Милева

Пред камерите на „Бекстејџ“, Дарко Спејко првпат проговори дали се уште е во врска со Љупка Митрова

Пред камерите на „Бекстејџ“, Дарко Спејко првпат проговори дали се уште е во врска со Љупка Митрова

Кумановецот Дарко Спејко кој победи во реалното шоу „Големиот брат “, од неодамна е еден од највлијателните инфлусенери во Македонија.

Имено, тој е првиот маж на кого му е верификуван „Инстаграм“ профилот.

До неодамна тој беше во врска со исто така познатата инфлуенсерка и блогерка Љупка Митрова.

фото: Инстаграм

Познатиот пар често на социјалните мрежи објавуваше заеднички фотографии, видеа, фотосесии….

Исто така на секоја објава на социјалните мрежи си ставаа „лајкови“ и коментари.

Меѓутоа, тоа одеднаш престана. Ни Љупка, ни Спејко не ставаат заеднички фотографии, ниту пак си коментираат.

фото: Инстаграм

Отаму започнаа шпекулациите дека наводно парот раскинал.Ниту Љупка, ниту Спејко не се огласуваа по тој повод.

Меѓутоа, Дарко вчера гостин во емисијата „Бекстејџ“, а во истата емисија одговори на прашањето дали се уште е во врска со Љупка.

„Никогаш тоа не сум го потврдил, ниту демантирал.Немам коментар. Кога веќе ја спомна Љупка, го почитувам тоа што го прави и се сложувам дека е една од највлијателните инфлуенсерки во Македонија“ вели Спејко.

фото: Инстаграм

Од друга страна, Дарко истакна дека ќе гостува во спот на Раста и тоа заедно со Сандра Африка.

Спејко истакна дека добил и понуда за учество во реално шоу, но бидејќи шоуто е  при крај, размислува да прифати понуда и од септември да влезе во некое од поновите реални шоуа.

Дали тоа ќе биде така останува да видиме.

To top