Радио Милева очаен губитник...

Очаен губитник: Холивудскиот секси актер сликан „пиштол гол“ под туш! (ФОТО)

Очаен губитник: Холивудскиот секси актер сликан „пиштол гол“ под туш! (ФОТО)

Ченинг Тејтум (39) е еден од најсекси и најпосакуваните актери, кого го следат и по кого воздивнуваат  жените од целиот свет, но по филмот “Магичниот Мајк” и неговото продолжение “Магичниот Мајк XXL”, во кои тој игра секси стриптизер, не го гледаме толку често во голо издание.

Сепак, работите се менуваат, а по оваа фотографија ќе се променат и мислењата за него.

Холивудскиот убавец, кој деновиве наполни 39 години, целосно се соблече и застана пиштол гол под туш, бидејќи изгуби облог.

„Јас ја изгубив играта. А, губитникот мораше да објави фотографија избрана од победникот… Никогаш повеќе нема да играм со неа…“- пишуваше Ченинг покрај објавена секси слика.

Во продолжение тој открил дека авторот на фотографијата е неговата девојка Џеси Џеј, од која во последниве месеци не се одвојува. Двајцата влегле во врска само неколку месеци откако Ченинг се развел од Џена Деван, со која има ќерка.

To top