Принцезата Шарлот, е четврта по ред да го наследи британскиот престол. Малата принцеза се родила на 2-ри мај, 2015-та година во болницата „Сент Мери“ во западен Лондон. Британската принцеза Шарлот, денеска полни четири години, а по тој повод, објавени се три нови фотографии кои ги направила нејзината мајка.
Претходните години кралското семејство го славеше роденденот на преслатка наследничка, па така и оваа година се очекува нова прослава, но и нови фотографии.
Пред две години, на денот на нејзиниот роденден на Твитер кралското семејство објави фотографии од преслатката принцеза.
Наследничката Шарлот е миленичка во светот, а освен тоа придонесува и за британската економија.
Се што убавата Кејт ќе и облече на нејзината ќерка во истот ден е распордадено во сите продавници.
Шарлот која ја споредуваат со кралицата Елизабета, со својот роденден влезе во историјата бидејќи благодарение на своето име и презимедосега заработила преку 5 милиони евра.