Анастасија Ражнатовиќ раскажа како ги помина празниците, чие мислење го цени, но и каква е кога ќе се исклучат камерите.
-Јас навистина не сум некој што многу излегува по клубови. Имам мал круг на луѓе околу себе и сакам приватни забави, така што Први мај за мене е еден од оние поводи максимално да се опуштам со своите пријатели – вели Анастасија Ражнатовиќ за српски Ало.рс.
По успехот на сингловите „Соврешен пар“ и „Ране“, Анастасија работи на нови песни, а за својата публика од есен најавува изненадувања.
-Ги слушам советите на сите блиски околу мене- соработниците, семејството и пријателите, но сепак моето е последно. Тестот за „Совршен пар“ е напишан за 10 минути. Кога првпат го прочитав текстот за „Ране“, знаев дека тоа е тоа. Верувам во своето чувство и се водам по тоа. Среќа, до сега не ме изневерило, вели таа.
Приватно, како што кажува е сосема обична девојка.
-Сосема обична девојка сум, без шминка, главно во тренерки и патики, опкружена со драги луѓе.Голем филмофил. Вљубеник во модата. Секогаш насмеана и опуштена. Се на се, ни налик на девојката која на ТВ секогаш е нашминкана и средена, вели Анастасија низ насмевка.
На прашањето дали и пречи епитетот „ќерката на Цеца“, младата пејачка низ шга одговара:
-Јас сум една горда „ќерка на Цеца“, но не е исклучено она дека еден ден ќе биде „мајката на Анастасија“. Работиме на тоа!- заврушва младата пејачка.