Радио Милева

За 1-ви Мај македонската водителка се најде во друштво на Северина (фото)

За 1-ви Мај македонската водителка се најде во друштво на Северина (фото)

Продолжениот празничен период беше идеално време за да се отпатува некаде или да се биде на домашен терен во кругот на најблиските.

ТВ водителката Елена Стефановска има сестра која е мажена во Хрватска, а преубавата Опатија е честа дестинација на водителката каде беше и за време на празниците.

фото:инсатграм

Таа оттаму за своите следбеници на социјалните мрежи објави неколку фотографии каде ужива во убавините на Хрватска, а меѓу една од фотографиите се најде и таква со хрватската пејачка Северина.

По патувањето во Америка, Севе и се врати на својата родна земја, а пак Елена не ја пропушти приликата да поразговара со пејачката и да го овековечи моментот.

фото:фејсбук

-Кога ќе се сретнеме во Опатија, напиша Елена во описот на фотографијата која настанала за 1-ви Мај.

Дали од средбата паднал договор за интервју и можеби во наредниот период  Севе ќе биде гостинка  во „Живот со стил“, останува да видиме.

To top