Во предпоследното издание на „Едноставно заводливо“ за оваа 2017-та година имавте можност да добиете совети од нашиот тим од Social Hair salon за тоа како да не погрешите со шминката и фризурата за новогодишната ноќ, но и за овој празничен период.
Елена Николовска и Ана Ристова со одлични препораки како за дамите така и за момците. Кога станува збор за гардеробата за совет се обративме кај ектравагнцијата на моден дизајнер Роберт Ивановски кој понуди одлични идеи за вашиот празничен изглед.
И она што ние сакавме да ви го претставиме, а за нас многу битно беше видеото со екипата на „Едноставно заводливо“ без која ништо не би изгледало така добро како што е, без сите овие сегменти кој придонесуваат за нејзина реализација.
Во улога на водител имавте можност да ја видите Тина Таутовиќ која по подолга пауза од камерите одлично се снајде во нашето студио.