Атрактивната српска пејачка Милица Павловиќ на необичен начин реши да им го честита големиот христијански празник Велигден на своите следбеници и обожаватели.
Имено, таа по тој повод направи интересна велигденска фото сесија, а целиот фото-перформанс го зачини со еротски набој.
Српската „секси сењорита“ на фотографиите изгледа не само привлечно, туку и многу возбудливо. Најпрвин пејачката во своите раце го зема големиот зајак па направи неколку пози со него. Така топло гушнат и свиен во нејзините топли прегратки, на зајко ушите му се исправија нагоре, па никако не му се напушташе комотната позиција.
Ама сакал-нејќел, тука дамата е таа која го диктира темпото, па Милица се подготви за следната поза. Нежно го јавна стариот велосипед, ги истури бујните гради напред, а зајко го смести или поточно го легна во сламената корпа меѓу вапцаните велигденски јајца.
Можеби на зајко и не му беше баш право и удобно како во прегратките на убавицата, ама за утеха имаше прекрасен поглед… на длабокото деколте и бујниот телесен раскош на пејачката!
А „секси сењорита“ овој секси велигденски фото-перформанс го искористи за да им го честита празникот на сите што го слават: „Христос воскресна добри луѓе“! – напиша таа.
Фото: Инстаграм принтскрин/senoritamilica