ТВ водителката Лила Филиповска е една од оние дами кои во никој случај не пропуштат да направат амбиент преку декорацијата во својот дом за одредени празници.
Така е и сега за големиот христијански празник Велигден.
Иако не беше меѓу привите кои станаа во зори и ги покажаа вапцаните јајца, Лила вчеравечер присуствуваше во Соборниот храм, а претходно го покажа велигденско средениот дом и на своите пријатели и верници им го честиташе Велигден.
Драги мои пријатели, знајни и незнајни ви посакувам во мир и спокој да го прославите празникот на љубовта и мирот, триумфот на животот над смртта и љубовта над злото…посакувам само здравје и среќни Велигденски празници. Ваша Лила! – напиша таа во описот на фотографија која ја објави на социјалните мрежи.