Пејачката Гога Секулиќ поради работни обврски се врати во Белград, а од Цирих допатува без сопругот и малиот наследник. Како што истакнува за српските медиуми, исклучително и е тешко што мора да се одвои од бебето.
-Урош и бебето останаа во Цирух, тоа е само на три дена, така мораше да биде. А во мај, син ми и јас заедно ќе дојдеме во белград и ќе останеме неколку месеци. Сега ми е тешко да бидам на релација Белград-Цирих, затоа сум 24 часа на видео повик за да го гледам синчето. Сопругот ме поддржува во намерата да и се вратам на сцената, тој има своја кариера, а јас своја, тоа е нормално. Ја сакам својата работа и важно ми е да имам поддршка, вели Гога.
Секулиќ додава дека едвај издржува без нејзиниот мал принц.
-Многу ми недостасува. Му ѕвонам на Урош да ми го пушта на видео повик, не зборува за да не ме слуша, бидејќи така плаче. Бебето ми е центарот на светот. Уште едно дете моментално не планираме, на синот сакам да му го посветам целото внимание, завршува пејачката која за првпат се оствари во улогата на мајка на 41 година во вториот брак.