Со години се шпекулираше дека сега покојната Витни Хјустон имала афера со својата долгогодишна пеијателка, една од ретките личности на кои им верувала – Робин Крафорд.
Откако љубовта на нејзиниот живот почина пред седум години, Робин се одлучи да ја прекине тишината. Оваа година таа ги најавува своите мемоари со наслов: „A song for you: My life with Whitney Houston“, а во кои ќе раскаже досега непознати детали за јавноста.
Иако за нивната врска не се зборуваше премногу, документарниот филм за Витни, објавен минатата година, за првпат јасно се проговори за нејзината бисексуалност, а тоа дополнително го потврди и нејзиниот поранешен сопруг Боби Браун, како и останати членови од семејството.
Робин Крафорд работела со Витни Хјустон цели 15 години, а секоја тргнала по свој пат во 2000 година. Во тоа време Хјустон стана зависничка од наркотици.
Постојат некои медиумски написи во кои се тврди дека нивната врска во еден момент била разоткриена и дека пејачката добивала уцени.