Музичарот Оливер Драгојевиќ по месец дена престој во болница, конечно е пуштен на домашно лекување за празниците да ги помине со семејството.
Штом стигна дома, посака да се опушти во друштво на најблиските, но и да го погледне омилениот филм,
-Добар е Оливер, се држи. Се слушнавме неодамна, изјавува за хрватскиот портал „24сата.хр“ неговиот пријател Ненад Добњак.
Тој открива дека Оливер имал само една желба која никој не ја оечкувал, да го погледне филмот „Forest Gamp“ кој е неговиот омилен.
Како што потврдува и сопругата на пејачот, Оливер закрепнува, шета крај морето и е среќен што домот е полн деца.
Иако помина четири циклуси хемотерапија, сите се надеваат на заздравување и враќање на сцената на оваа жива музичка легенда.