Радио Милева

Памела Андерсон ја напуштила хуманитарната вечер поради Нотр Дам: „Многу сум лута и разочарана“

Памела Андерсон ја напуштила хуманитарната вечер поради Нотр Дам: „Многу сум лута и разочарана“

Памела Андерсон ја напушти гала вечерта на фудбалскиот клуб на Олимпик, за кој игра нејзиниот избраник.

Имено, во текот на вечерта на која се собирале пари за помош на деца во Марсеј, изненадно се издвоени 100 000 евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз, а оваа одлука многу ја разлути актерката.

Својот револт го покажала така што ја напуштила вечерата, а потоа се огласи и на Твитер.

фото: принтскрин/твитер

„Синоќа бевме на годишна вечера на глубот ОМ за да помогнеме при собирање на пари за сиромапните деца во Марсеј.За таа цел соберени се огромна сума на пари, а потоа беше предложено „преубаво“ изненадување – дел од парите да одат за Нотр Дам“ напиша Андерсон и додава:

„Сигурно на децата од Марсеј ќе им требаат многу повеќе пари од тие 100 000 евра него на таа катедрала за која се соберени повеќе од милијарди евра преку донации на неколку милионери“.

 

To top