Холивудскиот актер Џони Деп кој неодамна престојуваше во Србија и Црна Гора поради снимањето на филмот „Минимата“, повеќе не успева да ја сокрие врската со убавата Русинка, танчарката Полина Глен.
Имено, додека беше во Белград, „уловен“ е како се бакнува со црнокоса девојка, со која минатата година беше виден во Москва, додека беше на турнеја со бендот.
Како што пишуваат британските медиуми, станува збор за руска танчарка и кореографка која има околу 25 години, а со 55 гогишниот заводник се запознала на една прослава во Лос Анџелес минатата година.
Медиумот наведуваа дека Деп и младата Русинка живеат заедно во неговата куќа во Лос Анџелес.
„Полина откри дека ќе се венчаат и дека тој сака да оди во Русија да се запозанее во нејзините родители“, вели извор за „Дејли мејл“.