Во 2016 година на своја 14-та година, малечката и талентирана ѕвездичка од Македонија, Лина Пејовска, со својот специфичен глас и талент го освои жирито на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.
Оттогаш, музичката е секојдневие за Лина чиј пат кон популарноста и музичката сцена одат само во нагорна линија. Тоа го докажа и со нејзиниот сингл „Ако ме сакаш“, а освен тоа што е една од навртените песни на радиостаниците, истата, но српска верзија, стана хит на интернет каналот Јутјуб и има гледаност повеќе од еден милион.
Потоа настапуваше на „Макфест“, а издаде и уште неколку песни кои поминаа успешно. Од неодамна Лина е актуелна со каверите кои ги направи за песните на Анастасија Ражнатовиќ, „Совршен пар“ и „Ране“.
View this post on Instagram
Пејовска е доста активна на социјалните мрежи каде често објавува модни фотографии на кои изгледа одлично, а ништо помалку атрактивна е и нејзината постара сестра Христина.
Обожавателите на Лина, побараа фотографија од Христина, а од приложеното може да се види дека мајката природа била доста дарежлива кон двете.
Лина и Христина едноставно се совршен сестрински пар!