Радио Милева

И мажите плачат: Синот на Бекам во солзи поради својата девојка Хана (фото)

И мажите плачат: Синот на Бекам во солзи поради својата девојка Хана (фото)

Бруклин Бекам (20) и неговата девојка, манекенаката Хана Крос се скараа во автомобилот. Иако веројатно мислеле дека никој не ги гледа, папараците ги снимиле, а фотографиите го преплавија интернетот.

Странските таблоиди пишуваат дека причината за караниците е тоа што Бруклин ги преминува границите со алкохолот.

На фотографиите се гледа како Бруклин плаче, а додека нервозно и зборува на хана, таа ги гризе усните. Фотографиите се појавија еден ден откако се снимени како се караат низ улиците на Беверли Хилс.

Минатиот викенд беа заедно на фестивалот „Коачела“ и изгледаше дека се е во ред.

Инаку, во медиумите врската ја потврдија во месец декември минатата година, а мајката на Бруклин, Викторија Бекам, наводно ја прифатила Хана што докажуваат и нивните заеднички фотографии.

Пред неколку дена Викторија славеше роденден, а во кругот на семејството беше и Хана.

To top