Од претходната година Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски уживаат во нивната нова улога, односно станаа родители на веќе неколку месечната Илина.
Тие максимално го користитат своето слободно време за да го посветат на најмалиот член на семејството.
Сара и Димитар често се активни на социјалните мрежи, па не се штедат да споделат делови од својот приватен живот.
Така, често на нивните „Инстаграм сториња“ може да видиме како готвтват, уживаат со нивната Илина, како шетаат ….
Меѓутоа, Сара Мејс се фрли во „акција“, па одлучи да „пребарува“ по мобилниот телефон на сопругот и да открие што пребарува по полноќ.
Имено, таа на својот Инстаграм сподели фотографија од тоа што Димитар бара на Гугл, а во описот напиша:
„Прашања што го мачат муж ми по полноќ“ напиша пејачката, а од објавата може да се забележи дека Диме пребарувал: „каде да купам мета за стрелање Скопје“.
Дали Атанасовски го нашол одговорот на „Гугл“ останува да видиме.