Водителката Деа Ѓурѓевиќ успешно се опоравува од повредите што ги претрпе кога градски автобус удри во неа и и ја откина раката. Нејзиниот лекар, хирургот Марко Бумбаширевиќ, зборуваше за нејзината состојба и рече дека таа е подобро, но се’ уште не може да биде пуштен дома .
Лекарот објасни дека Деа заради доброто однесување и послушност ја заработила довербата на лекарите кои се грижеле за неа, и затоа таа е ослободена редовно да може да излегува надвор од зградата на болницата, зашто дефинитивно се чувствува добро.
“Ние одлучивме на Деа да и ги задоволиме барањата и потребите и да и дозволиме редовно да излегува од болницата, да оде и да се движи низ градот затоа што покажа дека има доброднесување. Добро за нејзиното ментално здравје да излезе и да го поминува своето време надвор од болницата. Ги слуша лекарите и затоа ја доби оваа дозвола. Таа е секогаш позитивна, но повеќе е расположена и ведра откога излегува надвор, бидејќи таму се дружи со повеќе луѓе“ – вели д-р Бумбаширевиќ.
“Иако Деа одлично се опоравува, сепак не може да уште да си оди дома. Таа мора да оди на чести контролни прегледи и да биде под надзор на лекарите, иако нејзината состојба се повеќе се подобрува од ден на ден“.