Откако како што вели ја изгубил работата поради поранешниот сопруг на сегашната сопруга, тапанарот се одлучил да стане пејач.
Радомир Новаковиќ, сопругот на пејачката Гоца Тржан, откако покрена судска постапка против Иван Маринковиќ, бидејќи наводно поради неговите изјави во ријалити ја изгубил работата во една фирма, и сега планира да стане пејач. Иван во „Парови“ зборуваше дека Гоца и Рашо мораат да се отселат од станот, а пејачката од приватно, се префрли во државно училиште.
-За да ги тргнат мислите од проблеми, Гоца и Рашо се посветени на музиката, а во еден момент дошле до идеја да снимаат дует. Милан Бојаниќ, член на групата „Тап 011“, направил песна која им се допаднала на сопружниците и решиле да ја снимаат. Гоца во песната пее, а Рашо рапува, а ако дуетот помине добро, во план е Рашо да настапува со Гоца. Со оглед на тоа дека остана без својата работа, новиот ангажман ќе му биде добредојден – вели извор близок до нив за српската емисија „Сцена“. Веста ја потврдува и самиот Рашо кој вели:
-Работиме на големо на нашиот дует кој наскоро ќе излезе. Мисалм дека ќе бидеме интересен спој и дека песната ќе и се допадне на публиката, вели Рашо.