Кога ќе се спомене пролет во Скопје, помислуваме на зелените прекривки на Градскиот парк, свежината на високите дрвја и неповторливите дружби со пријателите. Токму таму, во срцето на Скопје, љубителите на добрата храна ќе имаат можност да бидат понесени од целосен гастрономски хедонизам!
Станува збор за првото издание на фестивалот на улична храна “Вкусот на Скопје” кој ќе имате можност да го посетите на 18-19 мај. Овој дводневен настан ќе ги обедини најдобрите локални сендвичари и ресторани чии сочни специјалитети нема никого да остават рамнодушен. Ќе имате можност да дегустирате разноврсна улична храна и да се препуштите на фузијата од зачини, ароми и различни вкусови кои дефинитивно ќе Ви го задоволат апетитот.
“Вкусот на Скопје” има и своја едукативна страна – бројните учесници во програмата на дело ќе ги прикажат своите врвни кулинарски вештини и ќе ни приредат интересни демонстрации за готвење на нови рецепти и едукативни презентации за исхраната и здравјето. Школката во Градскиот парк на Скопје ќе пружи корисни совети за сите возрасти, па дури и оние најмалечките – идните гурмани! Наскоро ќе биде објавена целосната програма за настанот, па на Facebook или Instagram ќе дознаете повеќе!
Паркот е едно од најубавите места во градот за одмор дружби со пријателите, па решивме дополнително да го разубавиме – во вечерните часови не очекува опуштање со локалните музичари…
Известете ги своите пријатели и дојдете на еден поинаков викенд… Се гледаме на Школка!