Радио Милева

Се омажи српската претставничка на „Евровизија“ – вака изгледаше во венчаница

Се омажи српската претставничка на „Евровизија“ – вака изгледаше во венчаница

Српската претставничка на „Евровизија“ , Невена Божовиќ повеќе не ја крие својата љубов со црногорскиот пилот Никола Ивановиќ, а и на него ја посвети победничката песна за „Евровизија“.

Во текот на претходниот викенд го изговорија судбоносното „да“ во луксузна сала во Будва.

Невена и Никола се во врска повеќе од една година. Пејачката во една прилика призна дека Никола е нешто најубаво што и се случило во животот и дека во него пронашла она што отсекогаш сакала.

Невена и Никола за свадбата потрошиле повеќе 70 000 евра.

Само за музиката платиле 30 000 евра, а останатите пари ги потрошиле за салата и свадбениот ручек.

За венчаницата, Невена платила 5 000 евра, а Никола се одлучил за класично црно одело.

Петар Грашо ја пеел песната за првиот танц, а неговиот хонорар наводно бил 15 000 евра. Потоа гостите ги забавувала Јелена Томашевиќ и „Фрајле“:

По свадбата, Невена ја очекуваат подготвки за „Евровизија“.

To top