Новата година секој на различен начин им ја честита на своите најблиски, роднини, другари, пријатели, колеги… некои упатуваат и општи честитки до сиите, со универзално значење… Онака како што тие се чувствуваат или сакаат да се чувствуваат во Новата година!
Една од нив и контроверзната манекенка, мисица и топ модел Дунавка Трифуновска. Провокативно облечена во екстравагантна арт креација, долгоногата убавица со нова провокација упати новогодишна честитка до целата нација… Честитка или поточно порака која важи за сите жени, а евидентно и за неа самата.
„Happy New Year , Be cool, Be sexy, Be super woman !!!“ – пишува Дунавка во пораката постирана покрај провокативната фотографија, на која разголена, со својот еротски вамп изглед, со високо крената нога и прстот в уста, моделот за „супержена“ ги остави мажите со подзината уста.
Новогодишна честитка или порака сеедно… Дунавка со својата нова провокација, буди еротска асоцијација на… super sexy woman! И ај после, Be cool, да те видам?