Британската кралица Елизабета на 21 април го прави својот 93 роденден и таа е најстар монарх со најдолг стаж на тронот.
Кралицата застанала на престолот на 6 февруари 1952 година. Таа е стара 11 години и четири месеци постара од било кој друг монарх во кралската историја.
Кралицата Елизабета на тронот е 67 години и 74 дена со што стана британски монарх со најдолг стаж.
Првиот јавен настап го имала на 14 години во 1940 година, а поголемиот дел од Втората Светска Војна го поминала во дворецот Виндзор, наместо во Бакингемската палата.
Од 1947 година е во брак со принцот Филип.
Таа својот роденден го започнала со миса, каде присуствувале членови од кралското семејство.
Меѓутоа, сите забележале дека принцот Хари пристигнал сам, па уште повеќе се зголемија шпекулациите дека Меган Маркл се породила во тајност.
„Среќен роденден ваше Височество, дамо, бабо. Ти посакуваме најубав ден. Меган и Хари“ напишаа во опис на објавата која се состои од фотографии од различни периоди на кралицата.
Освен Меган, на мисата не се појави и сопругот на кралицата, принцот Филип кој има сериозни здравствени проблеми поради кои некогаш не може да стане од кревет.
Исто така на мисата не присуствувале ни принцот Чарлс со сопруга Камила, кои традиционално го прославуваат Велигден во Шкотска.
За потсетување, кралицата Елизабета секоја година прославува два родендени, 21 април кога се родила и официјалниот во јуни поради убавото време.