ТВ водителката Деа Ѓурѓевиќ сè уште се опоравува од ужасната сообраќајка што ја доживеа кога градски автобус среде Белград и ја откина раката. Водителката вчера накратко ја напушти болницата за да и биде врачена една награда.
Елегантно облечена со насмевка на лицето им се заблагодари на сите и порача:
“Бев навистина воодушевен кога ме повикаа да ми соопштатат дека сум прогласена за „Дама на годината“. Чест ми е, но и ,многу мило и драгож што луѓето размислуваат за мене и не ме заборавија“. Нејзините зборови кај многумина предизвикаа солзи на лицето.
Истата вечер, Деа повторно беше хоспитализирана заради понатамошно закрепнување.
“Вечерва се враќам во болница, се чувствувам добро, многу подобро отколку порано. Морам да останам хоспитализирана, но полека се враќам во нормален живот” – додаде таа примајчи ја наградата.