Некогашната тенисерка и сопруга на фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ, ја отвори душата за нешто кое и тоа како загрижува, а се однесува на многумина ширум светот.
Ана во интервју за „Форбс“ се осврна на виртуелната реалност, која полека ја презема контролата над животот на современиот човек.
-Пораснав занимимавајќи се со спорт, а не со социјални мрежи. Кога првпат земев рекет во рака, немаше Инсатграм, Твитер и други социјални мрежи. Сега сечиј живот е достапен, спортистите се изложени на голем притисок, социјалните мрежи ја искривија реланоста. Можам денес да објавам фотографија од минатата година, но кој може тоа да го знае? Сега секој има прилика да критикува нешто или некој, да коментира…На тој начин луѓето можат да ве обесхрабрат, вели Ана, но не завршува тука.
-Младите, особено девојчињата, нималку не им е лесно да стекнат самодоверба. Мораат што повеќе да се борат за себе, а постои и престануваат да ги следат срцето и инстинктите. Исто така, загрижува порастот на болестите на современото доба, како што се депресијата и анксиозноста, додава Ивановиќ, а пренесува српскиот „Hello“, а нема сомнеж дека во нејзините зборови ќе се пронајдат многумина.