Радио Милева

Адам Лабунски исфрлен од „Ѕвездите на Гранд“: Марија соопшти јавно, а потоа се огласи Адам и преку приватните пораки ја откри причината (фото)

Адам Лабунски исфрлен од „Ѕвездите на Гранд“: Марија соопшти јавно, а потоа се огласи Адам и преку приватните пораки ја откри причината (фото)

Македонскиот учесник во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Адам Лабунски, е дисквалификуван од натпреварот, а информацијата ја потврди неговата менторка Марија Шерифовиќ која на социјалната мрежа Инстаграм соопшти дека Адам повеќе нема да се натпреварува.

Како што пишуваа Шерифовиќ, причината за тоа е неговото непримерно однесување, а одлуката да биде отстранет била на продукцијата.

Таа вели дека неговото место ќе го надоплни некој друг кандидат кој е неправедно испаднат од конкуренција за следниот круг.

фотопринтскрин/инсатграм/маријашерифовиќ

Неколку часа подоцна, исто така преку Инсатаграм се огласи и Адам кој со своите фанови сакаше да ја сподели својата страна на приказната, па ги објави приватните пораки од групниот разговор меѓу кандидатите на Марија. Според објавените преписки, Марија Шерифовиќ обезбедила 3 хотелски соби за 6 од своите кандидати со по два кревети, а во собата каде бил сместен Лабунски, неговиот хотелски цимер, кандидатот Данијел Васиќ го донел и својот татко со кого сакал да спие во ист кревет.

фотопринтскрин/инсатграм/адамлабунски

Адам во тој момент контактирал со Марија и и кажал дека не е во ред таткото на учесникот да спие во истата соба, бидејќи е само за учесниците. По реакцијата на Адам Лабунски дека не му одговара таткото на Данијел да спие со нив, Марија им одговорила:

„Данијел, собите се земени само за кандидатите, така да ќе мораш да се снајдеш за татко ти. Најдете решение како луѓе, за јас да не се мешам понатаму. Тоа навистина ви го препуштам вам. И да вистина е дека собата е двокреветна и за двајца луѓе. Можете вие да го делите креветот ако хотелот дозволува, но повторува тоа е нешто меѓу вас. Така да, полека и договорете се мирно. Поздрав“ – пишува Шерифовиќ во групната порака и додава:

фотопринтскрин/инсатграм/адамлабунски

фотопринтскрин/инсатграм/адамлабунски

„И без оглед што хотелот кажал ок и дека може – ти требаше да прашаш во група дали е во ред за тој што си во соба, а не јас да работам на своја рака, пишала Марија, но разговорот не завршил тука бидејќи пејачката повотрно морала да му се обрати на кандидатот Данијел Васиќ:

„Данијел, за тоа не одлучува хотелот туку јас и никој друг! Ако сум кажала само за вас, тогаш е само за вас! Ако си сакал татко ти да спие во Белград, тогаш си требал на време да ми кажеш и јас би нашла решение. Да правиш работи на своја рака, тоа не е во ред. Јас кога спијам со некој во соба, од било која причина и сакам да донесам било кој, повторно од било која причина, прво ја прашувам личноста со која ја делам собата. Од друга страна разбирам дека Адам и неговиот татко можеби биле груби. Но луѓе мои, тоа е една ноќ, така да за драма нема потреба, се решете како луѓе со договор од било кој вид. И крај на приказната! – завршуваат пораките кои ги објави Лабунски, а кои ги пишувала Марија во врска со настанатиот проблем.

фотопринтскрин/инсатграм/адамлабунски

Сепак, разврската е таа дека Адам е дискфалификуван, а драмата и тоа како стана голема.

To top