Нина Бадриќ претходната година ја издаде песната „Рекао си“ која имаше одличен фидбек кај публиката, која беше и прогласена за песна на годината.
По многубројните настапи и концерти, Бадриќ одлучи да замине на заслужен одмор.
Имено, Нина деновиве ужива на еден од најубавите острови на Карабите, Свети Бартоломеј.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, пејачката таму ужива во друштво на Сандра и Андреј Мељниченка.
Бадриќ на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и покажа како ужива.
На својот „Инстаграм“ таа сподели фотографија во бикини и го покажа своето згодно тело.
Инаку, Нина отсекогаш важела за дама со стил, многу ретко се разголува и кога го прави тоа го прави дискретно.