Некои би рекле дека Дарко Филиповиќ се повлече од шоу-бизнисот, бидејќи со години не објавил нова песна, а тој живее на стара слава, работи со полна пареа, а парите ги инвестира во недвижности.
„Дарко се ‘уште заработува од песната “Она, она”, која ја објави пред точно 15 години. Секој викенд настапува во земјата и странство, а заработените пари не ги инвестира во нови песни, туку само во недвижности – изјавил за српски “Ало!” еден извор близок до пејачот. Според него, уметникот е мета на критики и од неговите обожаватели и од првиот човек на “Гранд продукција”, чиј ексклузивец Дарко беше.
Многумина го критикуваат, што со години не исфрлил нов хит, за разлика од неговите колеги кои многу инвестираат во песни и видеА. Но, затоа, многумина од нив се’ уште се кираџии. За разлика од нив, Дарко има три апартмани во Белград, а неодамна купи и два апартмани на море во Грција“ – ја раскажува изворот приказната за настаните на семејството Филиповиќ.
Пејачот и неговата сопруга Јасмина и ќеркичката Настја живеат во седмособен стан, додека другите два стана се во српскиот главен град. Апартманите на морето ги реновираат и подготвуваат за претстојната сезона.
По првичниот шок, дека најстрого чуваната тајна, веќе не е тајна, Дарко почна да се смее.
„Вистина е дека купив два апартмани кои се на 15 километри од Солун. Пред само неколку дена дојдов од Грција, каде што бев, за да ги средиме документите со агенциите за ова прашање. Започнува сезоната“ – ќе рече Дарко и ќе додаде:
„Не сакам да зборувам за она што имам и што немам. Свесен сум дека луѓето сакаат да го пикнат својот нос во туѓите паричници, но никогаш не ме интересирало што прават соседите и што поседуваат. Зад сè што имам е долготрајна и крвава работа. Не ми падна ништо од небото“ – категоричен е Дарко, додавајќи дека и новите песни наскоро ќе бидат готови, бидејќи тој напорно работи на нив.