Автомобилот кој го управуваше Дарко Лазиќ кога на 23 октомври доживеа тешка сообраќајна несреќа, потполно е унишитен.
По сообраќајаката, Дарко го дал автомобилот во отпад, а сега негов фан го купува бидејќи му припаѓал на пејачот.
„Мојот автомобил беше потполно унишитен и веднаш го дадов на отпад. Секако не ми падна на памет да го поправам или воопшто да размислувам за тој автомобил. Меѓутоа ми се јавија од авто – отпад и вели дека некој човек сака да го купи. Реков дека не ги разбирам…што ќе му е на некој автомобил кој потполно е уништен, кога може да купи потополно нов автомобил. Уништен и има некоја лоша карма. А тие ми велат на мене: „Тој го знае тоа, но не го интеренсира, човекот вели дека не го интеренсира во каква сотојба е автомобилот, само му е важно дека тој автомобил е на Дарко Лазиќ и дека тој го возел“ изјави Дарко.
За потсетување, Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа претходната година по која беше во вештачка кома, а сега полека оздравува и наскоро ќе стане татко по втор пат.