Еден од македонските учесници во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ , Адам Лабунски, полека се приближува до финалната селекција на жирито во музичкото талент шоу.
Досега неколкупати се обиде во „Пинк ѕвезди“, но никако не му успеа да ја добие победата – она од кое веројантно не се откажува бидејќи е постојан како кандидат во српските талент шоуа.
Годинава на ред беа „Ѕвездите на Гранд“ каде засега добро му оди и е селектиран меѓу најдобрите.
Кога не е на проби во Белград, Адам е посветен на својот изглед, а редовно оди во теретана бидејќи е вљубеник во бодибилдингот.
Сега, веројатно задоволен од постигнатите резултати, не можеше, а да не се соблече со голо торзо и да ја покаже дефиницијата и мускулатурата.
Обожавателките пак, не можеа, а да ме му прокоментираат дека изгледа соврешно, па му пишуваа симболи од оган и срциња и ласкави зборови.
Задоволен од мускулите, задоволен од женските комплименти, само останува да бидиме колку Адам ќе биде задоволен од неговиот краен резултат во „Ѕвездите на Гранд“.