Мегафон

„Фолтин“ на прес конференција го претставија новиот албум „Момома“

„Фолтин“ на прес конференција го претставија новиот албум „Момома“

Денес, четврток,18-ти април 2019 година, во кафе барот „Цреша“ точно напладне, се одржа прес конференцијата на која членови на македонскиот арт бенд „Фолтин“ го претставија материјалот за нивниот најнов албум насловен  „МОМÓМА“.

Новото издание на „Фолтин“ содржи шест авторски композиции реализирани од: Бранислав Николов – глас, Пеце Трајковски-Брада – гитара и сајзер, Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани, Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника. Гости музичари: Петар Димитровски – клавијатури (1-6), Владан Дробицки – тромбон и Васко Бојаџиски – саксофон (5)
Снимател на материјалот: Гоце Јованоски, микс и мастеринг: Ивица Јанкуловски-Штраф
Студио: „Алшар“, Скопје, декември 2018 – јануари 2019
Дизајн: Ангел
Издавач: НМА
“МОМÓМА е најзрелиот албум на Фолтин. Музички клуч под дипле. Со кој
влегувате којзнае каде. Благо џезиран. Бескрајно љубовен. И, замислете, пријатно поинаков од сѐ
претходно, а препознатливо фолтиновски.
МОМÓМА е како Шпато да седнал со “Бич Бојс”, па отсвириле пет-шест ствари.
Онака, како од шега, ама пресериозно. И тоа од таа нивна чудесна „Pet sounds”
фаза. Кога правиш нешто сосема поинакво од очекуваното и ги збунуваш сите до
радост.
МОМÓМА е и „Скопје фест”, оној од седумдесеттите, од Оџаклиевска, Хаџиманов,
Спирова, Панчетовиќ, Биг-бендот… но со Фолтин, место сите нив заедно.
Албумот нè гали и со влијанијата од Херби Хенкок – од “Thrust”, на пример,
управувани од бојата на неговиот вселенски синтисајзер.
Во песната „Ми се води љубов” можеби можете да го препознаете и Том Вејтс,
како да влегол во романтична џез фаза, па пее пригушено низ мегафонот од
“Chocolate Jesus”. А потоа од некаде излегува и Боуви, со онаа негова проклето
прекрасна насмевка.
А текстовите? Тие се такви какви што ги очекувате – безмилосно нежни и силни.
„МОМÓМА” е оној момент којшто не сакате да заврши. Во ноќта кога, рече, може
само да ме сонуваш. Кога ви се води љубов. Малку неморално. Раскошно и
блудно” – пишува Дејан Трајкоски – писател.
To top