Актерката и пејачка Џенифер Лопез е прогласена за икона на годината.
Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) на латино дивата и ја додели оваа титула, која официјално ќе ја прими на 3-ти јуни на свечена церемонија во музејот Бруклин во Њујорк.
Пред Џенифер оваа награда ја однесоа Ријана, Бијонсе, Лејди Гага и Наоми Кемпбел.
Претседателот на жирито Стивен Колб вели дека не било лесно да се одлучат на кого да ја доделат оваа титула, бидејќи има многу потенцијални кандидати.
View this post on Instagram
Она што пресудило Лопез да биде избрана оваа година, е нејзиното константно присуство во светот на модата, но и храброста, објаснува тој.
View this post on Instagram
-Таа секогаш е забележана и за неа секогаш се зборува. Тоа ја прави совршен избор, вели Колб.