Како што пренесува „НМЕ“, новата биографија на американската пејачка Лејди Гага излегува на 5мај.
Имено, пејчката во книгата првпат зборува за своето минато каде што открива бизарни детали како што се дека имало периоди кога деновите ги поминувала на подот опкружена со кокаин.
Во еден дел во книгата која ја напиша Нејл Штраус, пејачката вели дека се плаши кога размислува за живот во Њујорк опкружена со бубачки и бубашбави, без интерес да прави нешто, освен да создава музика и да се дрогира.
Гага, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота, вели дека експериментирала со дрогата заради уметнички цели, инспирирана од Дејвид Боуви и Мик Џегер.