Момчето на Рада Манојловиќ, Харис Берковиќ наводно е во големи долгови од коцка, пренесуваат српските медиуми.
Наводно, луѓето на кои должи пари му праќаат заканувачки пораки и дека физички ќе го нападнат доколку не ги врати парите, пишува курир.рс
„Веќе некое време пејачката и нејзиниот партнер не се појавуваат во јавност. Се шпекулираше дека се повлекле за да уживаат во љубовта и да работат на приновата, но сепак тоа не е точно. Рада и Харис со месеци се во проблеми, а се започна пред една година кога Харис почна да се коцка. На почетокот сам можеше да ги плаќа долговите, но не заработува како порано, па сега му помага неговата девојка“ тврди извор и додава:
„Станува збор за сериозни работи. Рада многу е уплашена за Харис бидејќи должи неколку дест илјади евра. Таа почна да ги враќа долговите наместо него, но и понатаму има голем долг. Колку е сериозна ситуацијата, сфати кога луѓето му пратија пораки дека физички ќе го нападнат доколку не ги врати парите“ вели изворот и додава:
„Харис нема настапи како порано, па не може да собере пари. Рада убаво заработува, но тоа не е доволно да го плати долгот. Таа го сака своето момче и е подготвена да му помогне, но под услов да заборави на коцката. Тој и вети дека ќе се ослободи од тој порок. Како што слушнав, засега го почитува договорот. Ни на него не му е сеедно, се плаши од заканите, но верува дека се ќе биде во ред“ вели изворот.
Наводно, Манојловиќ се нервира поради проблемите во кои се наоѓа последните два месеци.