Софи Турнер која во хит серијата „Игра на трови“ ја игра улогата на Сенса Старк раскажува дека често размислувала на самоубиство, посебно откако ја нарекувале „дебела“ и „лоша“ актерка.
-Имав депресија последните шест години. Најголемиот предизвик за мене беше да станам од креветот и да излезам од дома. Само плачев и плачев, а потоа се обидував да се облечам и си велев себе си: „Не, јас не го можам ова“ – раскажува Софи во едно интервју.
Денес таа е под терапија и дека најголема поддршка и е момчето Џон Џонас.
-Кога некој секојдневно ти зборува дека те сака тоа доста помага да се запрашаш себе.
Актерката вели дека како мала, во текот на тинејџерските денови, често имала мисли за самоубиство.
-Беше чудно…Би кажала дека не бев депресивна, но многу размислував за самоубиство кога бев помлада, искрена е таа и истакнува дека веројатно никогаш нема да се помири од тие мисли.
-Мисалм дека никогаш нема да се помирам со тоа, дека ќе го победам, вели Турнер.
Терапијата денес и помага, а многу во тоа придонесува и момчето за таа да се чувствува подобро.
-Денес повеќе се сакам себе си отколку порано. Мислам дека никој не би требало да се срами и да ја крие депресијата, искрена е Софи Турнер или попозната како Сенса Старк.