Сања Малетиќ била нападната од таксист во Бијељина. Пејачката била на телевизиско шоу во БН ТВ, а пеколот следел кога повикала такси во тој град.
Таа влегла во таксито и му ја кажала на таксистот адресата каде што требал да ја однесе, но сепак, малку подоцна по телефон ја повикале нејзините соработници и и’ рекле дека треба да дојде на другалокација. Тогаш започнала драмата.
Кога Сања му рекла на возачот да оди на другата дестинација, таксистот почнал хистерично да вреска и да се заканува. Како што велат извори, по жестоко пцуење и колнење, тој извадил нож и почнал да и се заканува. Нагло закочил, а Сања ја отворила вратата за да излезе од возилото, но и тој излегол и со ножот в рака тргнал по неа. Драмата продолжила на улица, а луѓето од продавницата лоцирана на местото каде што запрело такси возилото, кога виделе што се случува, повикале полиција.
По неколку минути, полицијата пристигна на местото на настанот, а Сања и таксистот биле однесени во полициската станица. Тогаш, во полициската станица на пејачката и се слошило и паднала во несвест, по што била повикана брзата помош која и пружила медицинска помош.
Како што неофицијално се дознава, таксистот кој го предизвикал инцидентот ќе биде кривично гонет, а пејачката, го потврдила инцидентот и нападот.