Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ одлучи да замине на одмор и да ги наполни батериите за претстојните работи обврски, а овој пат ја избра својата омилена дестинација каде ужива со најблиските.
Имено, музичката ѕвезда се наоѓа на Кипар каде има вила со поглед на море, а во која често одмара.
Овој пат и се придружиле внуците, откако неодамна ги прослави нивните родендени, а со обожавателите сподели во каква идила ужива.
Времето се уште не е за капење во морето, но нема сомнеж дека вакво место е рај за очи и душа.