Презентерката Ивона Пантелиќ ја доби битката со злокобната болест и сега вели дека секој што се соочил со здравствен проблем морал да најде начин да се ослободи од него, па таа исто така.
На Ивона и бил дијагностициран канцер на дојката и вели дека значи многу за нејзиното враќање на работа.
– Добро сум, сè е во ред, и се надевам дека ќе остане така. Ова значи многу за мене, сега кога работам и мислам дека е добро. Секој треба да најде начин да излезе како победник во борбата со проблемот“ – вели Ивона.
Ивона, на наговор од колешка од РТС, направила превентивен рутински преглед на мобилниот мамограф, по што таа била упатена на контролен ултразвук, кој покажал дека има рак на дојката. Откао дознале за нејзината болест, но и за време на хемотерапијата, нејзините колеги биле за цело врема заедно со неа.
„За среќа, имав многу разбирање на работа и не можам да кажам ништо друго освен дека дека беа прекрасни. Навистина ми значеше нивната поддршка“ – рече таа.
„Луѓето не треба да се игнорираат себе си и своето здравје и не треба да се плашат од какви било испитувања. Тие треба да одат на лекар, но и да се потпрат на нивните инстинкти, па затоа да не ги игнорираат интуицијата и сигналите на телото и организмот. Има се повеќе и повеќе превентивни прегледи и ова е најлесниот начин да се провери вашето здравје“ – советува Ивона.
Периодот по операцијата и хемотерапијата не бил едноставен, но Ивона не го изгубила веселиот дух.
„Мојот став кон сè не беше тоа што се видов себеси како жртва и не бев депресивна. Како резултат на тоа, другите луѓе не ме гледаа низ оваа призма, но сепак треба да се разбере секоја ситуација. Се разбира, ведриот дух е многу корисен. Тој, ако не е пресуден, тогаш сигурно е многу важен во вакви ситуации“ – нагласува водителката.