Радио Милева

Драгана Мирковиќ откри како изгледа Памела Андерсон во живо

Драгана Мирковиќ откри како изгледа Памела Андерсон во живо

Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ станаа добри пријатели со холивудскиот актер Жан Клод Ван Дам.

Пејачката за „Телеграф“ сподели анегодата поврзана за нивното дружење.

„Се трудев да не знаат што се занимавам, некако ми е непријатно да зборувам за таа тема. Меѓутоа, Жан тоа дозна од режисерот на неговите филмови бидејќи неговата сопруга по потекло е од Бугарија. Кога таа ме виде мене: „Ма каков Жан Клод Ван Дам…Драгана“. Човекот се збуни, а таа потоа му објасни. Сега Ван Дом шири приказни за мене“ вели Мирковиќ.

Исто така, таа имаше прилика да се запознае со Кејт Мос и Памела Андерсон, па откри како изгледа Памела во живо.

„Морам само да кажам дека Памела изгледа како милион долари. Кејт Мос секако, таа е помлада. Но, најискрено, Памела изгледа како милион долари“ вели пејачката.

Таа истакна дека го “принудила“ сопругот да се слика со Кејт и Памела.

Поврзани теми

To top