Пејачката Нина Бадриќ отпатува на една од најубавите егзотични дестинации, а станува збор за еден од најубавите острови на Карабите, Свети Бартоломеј.
На социјалните мрежи, Нина објави неколку фотографии кои изгледаат речиси како разгледница.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Нина на одмор ужива во друштво на Сандра и Андреј Мељниченка.
Пред две години, Нина беше на одмор на нивната луксузна јахта, а и тогаш се пофали на социјалните мрежи.
Нивното пријателство започнало пред 10 години во Дубровник, кога некогашната пејачка сакала да се запознае со Нина Бадриќ.