Водителката на Утринската програма на Канал 5, Јелена Спенџарска дојде до „епохално“ откритие. Веројатно од богатото животно искуство, симпатичната беровка своето мислење околу писмените жени и неписмените мажи јавно го истакна на социјалните мрежи.
„Писмена жена никогаш нема да падне на неписмен маж. Крај!“ – гордо се пофали Спенџарска преку мудрата мисла која ја постираше својот Фејсбук профил, „црпната“ од сопственото или туѓото искуство, само таа знае.
Иако некои од нејзините пријатели и возвратија со коментар дека за жал има и такви случаи и никогаш не се знае што носи животот, па затоа никогаш не вели „никогаш“, водителката самоуверено им реплицираше: „Ние не сме во тие“! Ама при тоа и не објасни, што тоа подразбира под поимот „неписмен“?!
Или нејзе не и објасниле дека, како што најчесто бива, денес жените обично не „паѓаат“ на „писмени“ туку на мажи што поседуваат некои други атрибути… Што на прв поглед можеби и не се забележуваат…. додека сам(ата) не се увериш!
А, кога сме кај машките атрибути што важат за адути кај секоја жена , денес оние најважните исто како и писменоста, започнуваат на „П“: Колку е парајлија или потентен, на пример. На тоа најчесто паѓаат… особено оние жени, што самоуверено мислат дека се многу „писмени“!
А водителката…? Пред да ја постира мудрата мисла, за да не падне, мораше да се симне… од приколка!