Радио Милева

„Мене не ми е срам“: Анастасија Ражнатовиќ откри зошто толку често купува во кинески продавници

„Мене не ми е срам“: Анастасија Ражнатовиќ откри зошто толку често купува во кинески продавници

Екипата на емисијата  „Папарацо лов“ пред неколку дена ја следеше младата пејачка, па  ја сними додека таа посети еден бутик. По влегувањето во неколку претоходни, таа влезе ни помалку ни повеќе во кинеска продавница за облека.

Откако веста осамна по порталите, Анастасија за српски „Блиц“ открива дека не е срамота да купува во кинески бутик, каде може да ги најде сите потребни ситници за дома. По објавата, таа се појави на едно случување, а новинарите ја прашаа како реагирала кога ги видела снимките од кинескиот бутик.

фото:принтскрин/папарацолов

-Да бидам искрена, толку добро се сокриле што не ги забележав во ниеден момент. Дури кога следеше најавата, видов што снимиле, се смеев и зборував со другарка дека не можев да очекувам да ме снимаат, вели Анастасија и истакнува дека редовно купува во таа продавница.

-Зошто да не, мене не ми е срам да купувам од Кинезите. Верувајте, таму може а се најдат супер нешта. Впрочем, сите знаеме дека веќе се е произведено во Кина. Влегов за да купам некои работи кои ми беа потребни, како што прават многу луѓе. Ги имаат најосновните работи кои се евтини. Зошто да не одам и да погледнам? Искрено, често одам таму за да купам некои ситници за дома, објаснува Анастасија за „Блиц“.

To top