Пејачката Наде Талевска-Спасовска извесен период ја нема на сцената со нови песни за публикта, но затоа пак целосно е предадена на своето семејство и работата во Македонската опера и балет.
Михаил, Максим и Матео се целиот нејзин свет, трите синчиња кои го исполнуваат нејзиното секојдневие со многу љубов, насмевки, гордост, задоволство… Мама Наде е активен корисник на социјалните мрежи, а деновиве објави „селфи“ од лифт кое поттикна многу коментари во врска со нејзиниот физички изглед, одоносно колку е ослабена и згодна.
Едни ја пофалија, други пак ја прашуваа како и успело. Меѓу коментарите се најде и оној на колешката Тамара Тодевска која и напиша дека е „Сучка“.
Пејачката им се заблагодари на сите за комплиментите, а откри дека килограмите ги намлила благодарение на хроно исхраната, се помачила, ама е задоволна од резултатите.
Инаку, и покрај квалитетите кои ги поседува, пејачката реши да се повлече од поп-музиката, а како што вели во едно интервју, причина за тоа се валканите игри кои биле застапени на естрадната сцена
Многу сум разочарана од валканите игри што се играат на поп – сцената, па затоа решив да се повлечам. Таа сцена не ме заслужува! Оние кои го сакаат моето пеење и ја почитуваат мојата работа, ќе имаат можност да ме гледаат и да ме слушаат на сцената на МОБ. Мислам дека не ја добив истата почит која јас ја оддадов кон таа сцена, изјави во една прилика Наде за „Женски маганин“.