Радио Милева

Ја прашаа Тијана Дапчевиќ кој подобро пее: Таа или нејзината сестра Тамара Тодевска – еве го нејзиниот одговор

Ја прашаа Тијана Дапчевиќ кој подобро пее: Таа или нејзината сестра Тамара Тодевска – еве го нејзиниот одговор

Во редот на најдобрите пејачки на македонската сцена може со сигурност да се вбројат сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.

Оваа година Тамара ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Тел Авив, со песната „Proud“.

И двете пејачки се актуелни на социјалните мрежи и ги информираат своите следбеници за нивните активности.

Така, Дапчевиќ ги извести фановите дека деновиве е во Амстердам заедно со својот сопруг од каде што редовно објавува фотографии.

Од друга страна, таа најде време и за своите фанови и да им одговара на прашања.

Еден од фановите во кратките приказни на „Инстаграм“ ја праша Тијана кој подобро пее, таа или Тамара.

На ова прашање Дапчевиќ сподели видео од неа и нејзината сестра како ја пеат песната „To the sky“, а во описот напиша:

„Не знам, еве ти процени“.

фото: Принтскрин/инстаграм
To top