Не долго откако е објавено дека некогашниот бејзбол играч Алекс Родригез ја изневерува својата свршеница Џенифер Лопез, откриено беше дека наводно ја изневерува со поранешната сопруга на својот соиграч.
Хозе Кансенко тврди дека Алекс ја изневерува Џенифер со неговата екс-сопруга Џесика Кансенко. Некогашниот спортист на Твитер порача дека е подготвен да оди на полиграф за да го потврди тврдењето.
Таа „бомба“ одекна пред еден месец, а сега Џенифер проговори за наводното неверство.
-Јас знам што е вистина. Знам кој е тој, која сум јас, кои сме заедно. Знам што е нашата врска и каква е, нема да дозволиме луѓето од страна тоа да ни го објаснуваат. Ние сме среќни, вели Џеј Ло во една радио емисија.